Карло Анчелоти, наводно, веќе е во Ливерпул, каде што преговара да стане нов менаџер на Евертон, само една недела откако беше отпуштен од Наполи, јавуваат повеќе италијански и англиски медиуми.
Арсенал беа првиот премиерлигаш кој беше поврзуван со Арсенал, но очигледно тие се решија да го „бркаат“ помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер сити и нивни поранешен фудбалер, Микел Артета.
Според „Скај спорт Италија“ и „Гардијан“, Евертон директно контактирале со поранешниот тренер на Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Милан и веќе почнале со преговарање наличните услови. Евертон наводно му понудиле договор до јуни 2022 година.
Евертон го отпуштија Марко Силва на 5 декември и во моментов преоден тренер е нивниот поранешен напаѓач, Данкан Фергусон.