Поранешниот комесар на НБА лигата, Дејвид Стерн се наоѓа во критична состојба во болница во Њујорк, откако во четвртокот имал мозочен удар во еден ресторан на Менхетен, потврдија и од НБА лигата.
„Дејвид Стерн добива помош и грижа и е опкружен со своите најблиски. Семејството Стерн благодари на сите во НБА за поддршката која ја добива“, се вели во соопштението на НБА.
77-годишниот Стерн беше комесар на НБА фантастични 30 години, од 1984 до 2014 година, период на огромен раст на американската кошарка. Тој е заменет со сегашниот комесар, Адам Силвер.