Мајнц стигна до неверојатна 5:0 победа на гостувањето кај Вердер во првиот меч од 16. коло во Бундеслигата, предводени од хет-трикот на Швеѓанецот Роберт Кваисон.
Кваисон уште во 10. минута им донесе предност на гостите, по што пет минути подоцна Јиржи Павелка си постигна фантастичен автогол за 0:2. Во 19. минута веќе беше 0:3, а Кваисон го комплетираше хет-трикот во 38. минута. Во финишот на мечот, Жан-Филип Матета во 81. минута ги постави конечните 0:5.
Мајнц со трите поени се искачи на 13. место на табелата со 18 поени, додека Вердер се на 15. место со 14 поени, само два над зоната за испаѓање.