Top Sport

Гвардиола: Не знам што ќе се случи со Артета

Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити Пеп Гвардиола потврдил дека неговиот помошник Микел Артета имал преговори со Арсенал.

Британските медиуми во понеделникот објавија фотографии на челник на Арсенал како излегува од домот на Артета. Пред мечот со Оксфорд, на прес-конференцијата, Гвардиола рекол дека Артета бил „неверојатно искрен“ во врска со неговите преговори со Арсенал.

„Преговара со Арсенал но јас не знам што ќе се случи…Возрасен човек е, знае што треба да прави. Неверојатен е како личност, добар тренер е има неверојатна работна етика…Поради тоа е со нас“, рекол Гвардиола.

Артета кој во кариерата од 2011 до 2016 година играл за Арсенал, му асистира на Гвардиола во Сити од 2016 година.

Арсенал минатиот месец го отпуштија тренерот Унаи Емери и како привремено решение го назначија Фреди Љунберг.

Scroll to Top