Top Sport

Хофенхајм со супер-пресврт ги уништи Дортмунд (видео)

Борусија Дортмунд дури 79 минути имаше водство на „Презеро арената“ во Зинсхајм, но на крајот дозволи Хофенхајм да направи фантастичен пресврт и да стигне до 2:1 победа за скок на шестото место на табелата во Бундеслигата.

Во првиот меч од 17. коло од германскиот шампионат, „милионерите“ дојдоа во водство во 17. минута преку Марио Геце и изгледаше дека ќе си заминат со важни три поени од тешкото гостување, но домаќините не мислеа така.

Саргис Адамјан во 79. минута успеа да израмни, а човек на одлука беше Хрватот Андреј Крамариќ во 87. минута од мечот.

Со трите поени, Хофенхајм е шести со 27 поени, додека Борусија останува на четвртото место со 30 поени, четири помалку од лидерите РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, кои имаат и меч помалку.

Scroll to Top