По сјајната сезона заедно во Ајакс, минатото лето се разделија големите пријатели, Холанѓаните Френки де Јонг и Матијс де Лихт. Играчот од средниот ред отиде во Барселона, а дефанзивецот е во Јувентус.
И Де Лихт во неколку наврати се поврзуваше со Барселона, но на крај заврши во калчолигашот од Торино. Сепак за Де Јонг само прашање на време е кога Де Лихт ќе заигра за каталонскиот клуб.
„Фактот што отиде во Италија не ја менува мојата визија дека наредните години ќе дојде во Барселона. Му оди добро во Јувнетус, но верувам дека еден ден ќе стане играч на Барса“ – вели Де Јонг за холандските медиуми.
Тој е задоволен од неговите настапи за Барса иако тврди дека се уште не ја достигнал формата од Ајакс.
„Среќен сум и се е сјајно во Барса. Градот е прекрасен, а во декември не ви требаат ракавици. Го покажав мојот квалитет, но работам напорно за да бидам уште подобар“ – вели Холанѓанецот.
¿Se vuelven a juntar? Frenkie de Jong anuncia la llegada de De Ligt puede jugar “en poco tiempo” en el Barcelonahttps://t.co/4yfPgTIZUz
— Diario El Bocón (@elbocononline) December 24, 2019