Манчестер Јунајтед во минатото, 18 коло во Премиерлигата беше поразен од „фенерџијата“ Вотфорд, па навивачите на „ѓаволите“ се откажуваат дека екипата може сезоната да ја заврши при врвот на табелата.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона даде интересно, сликовито објаснување за играта на „црвените ѓаволи“ сезонава.
„Манчестер Јунајтед зазема посебно место во моето срце. Но гледајќи го овој Јунајтед, тоа е како старец кога води љубов, многу се труди, а на крајот сите разочарани“ – рече Французинот.
Сепак, Кантона не губи надеж.
„Ќе се вратат тие, затоа што тоа е најголемиот клуб на светот“ – рече Кантона.
По 18 кола, „ѓаволите“ се осми на табелата со 25 освоени бода, 7 помалку од четвртопласираниот Челси (местото кое води во ЛШ“, а дури 24 помалку од водечкиот Ливерпул.
‘Watching United play now, it’s a bit like making love as an old man’
Thanks for that, Eric Cantona ?
(via @OTRO) pic.twitter.com/Uf4TVT97xm
— ESPN FC (@ESPNFC) December 24, 2019