Top Sport

Вилијан сака кариерата да ја заврши во Челси

Фудбалерот на Челси Вилијан изјавил дека сака да биде на „Стенфорд Бриџ“ и кога ќе наполни 40 години.

Договорот на Бразилецот со Челси истекува по завршувањето на сезоната што значи дека тој во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

„Сите знаат дека го сакам овој клуб. Сите знаат дека со уживање играм за Челси. Доколку можам ќе останам овде се додека не наполнам 40 години. Но ова не е само моја одлука, треба заедно да решиме. Разговаравме. Се надевам дека наскоро ќе можам да кажам дека останувам, во овој момент тоа не можам да го кажам“, рекол 31 годишниот Бразилец.

Вилијан од 2013 година го носи дресот на Челси. Сезонава има постиганто пет гола на 23 одиграни натпревари. Во неделата со неговите голови Челси го победија Тотенхем со 2:0.

Scroll to Top