Скот Патерсон, новинар кој ги следи Манчестер Јунајтед, го составил најлошиот тим на „црвените ѓаволи“ во изминатата деценија. Интересно најголем дел од играчите во овој тим во клубот дошле во времето на Алекс Фергусон.
Најлошите 11 во последната деценија на Манчестер Јунајтед од клупата ги предводи Дејвид Мојс.
Нападот го предводат Радамел Фалкао, Анхел Ди Марија и Алексис Санчез. Клубот за овие тројца потроши вистинско богатство, а не доби ништо. Приказна за себе е и и Португалецот Бебе, сега играч на рајо Валјекано.
Фергусон никогаш не го гледал Бебе, но послушал совет и го купил за 17 милиони евра. Морган Шнајдерлин и Бастијан Швајнштајгер не покажаа ништо во славниот клуб.
Вака според Скот Патерсон изгледа најлошиот тим на Јунајтед во последната деценија.
Голман: Ли Грант
Одбрана: Ешли Јанг, Ерик Баи, Алекс Батнер
Среден ред: Андреас Переира, Бастијан Швајнштајгер, Морган Шнајдерлин, Бебе
Напад: Радамел Фалкао, Анхел Ди Марија, Алексис Санчез