Славното поранешно напаѓачко трио на Барселона, МСН (Меси-Суарез-Нејмар) повторно беше заедно, барем накратко на забавата на Уругваецот Луис Суарез за одбележување на неговиот 10-годишен брак со сопругата Софија Балби.
Три сезони, овие тројца фудбалери беа безмилосни во Ла лига – 364 гола во 450 натпревари од 2014 до 2017 година, пред Нејмар да замине во Пари Сен-Жермен за 222 милиони евра, одлука за која се верува дека уште се кае.