Американската тенисерка Серена Вилијамс по речиси едногодишна пауза, наредната сабота, ќе се врати на терените на турнирот во Абу Даби. Серена поради бременост привремено се повлече од тенисот по освојувањето на Австралија опен, во јануари годинава. Таа на 1.септември го роди своето прво дете, ќерката Алексис Олимпија Оханијан.
Една од најдобрите на сите времиња, освојувачка на 23 Гренд слем титули рекла дека е воодушевена што му се враќа на тенисот.
36-годишната Вилијамс на 30.декември ќе одигра егизибицски меч против Летонката Елена Остапенко. Тоа ќе биде прв пат во историјата на овој турнир да играат тенисерки.
Инаку се уште не е познато кога Серена ќе почне да настапува на официјалните турнири, иако директорот на Австралија опен, Крејг Тили, изјави таа „најверојатно ќе ја брани титулата во Мелбурн“.
Серена се наоѓа на 22.место на ВТА листата и доколку го потврди настапот во Мелбурн нема да и биде потребна специјална покана на организаторот.
Турнирот во Абу Даби се игра од 28. до 30.декември, додека Австралија опен ќе започне на 15.јануари.