Германските медиуми неодамна објавија дека играч кој во минатото бил во Топ 30 на АТП листата и кој освоил неколку титули, местел натпревари. Медиумите се сомневаат дека станува збор за тенисерот од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур.
Дамир, во моментов е далеку од 30 место во светот, но во минатото тој бил 23 на АТП листата. Во кариерата има освоено три титули. Поради тоа сомнежите се насочени кон него.
„Сакамд а демантира се што е досега кажано во врска со Дамир и со неговото учество во местење на натпревари во тенисот. Факт е дека никој од надлежните органи кои ги истражуваат таквите случаеви не го третирал Дамир како некој што би можел да биде осомничен“, рекол таткото на тенисерот, Неџад Џумхур.
„Во кариерата тој никогаш не делувал спротивно на правилата на тенисот. Дамир е горд на својата кариера, во која дури и кога му било најтешко, не направил нечесни работи. Верувам дека со овој демант ќе заврши и приказната за вмешаноста на Дамир во местењето на натпревари.“
Џумхур зад себе има лоша сезона која ја заврши на 97 место на АТП листата.