Роберто Морено е новиот тренер на францускиот прволигаш Монако. Тој доаѓа на местото на Леонардо Жардим кој во саботата доби отказ.
Иако француските медиуми тврдеа дека нов тренер ќе биде поранешниот предводник на Вилјареал и Валенсија, Марселино Торал, сепак како многу подобри се покажаа информациите на шпанските медиуми.
AS Monaco announces the end of its collaboration with coach Leonardo Jardim. Former Spain national team coach Robert Moreno takes over first-team duties in an agreement that runs until 2022. pic.twitter.com/KxbiMnrgZZ
— AS Monaco EN (@AS_Monaco_EN) December 28, 2019
На клупата на екипата од кнежевството ќе седне младиот Роберто Морено, кој пред два месеци доби отказ на селекторската позиција во шпанската репрезентација, откако успеа со „црвената фурија“ да избори пласман на ЕУРО 2020.
Морено со седмопласираната екипа во Лига 1 потпишал две и пол годишен договор. Тој ќе дебитира на 12 јануари во дербито против Пари Сен Жермен.