Top Sport

Челси ги прекинале преговорите со Абрахам

Теми Абрахам е вистинско откритие оваа сезона во Премиер лигата. Најдобриот стрелец на Челси максимално ја искористи довербата што ја доби од тренерот Френк Лампард, постигна 12 гола во досегашните 20 рунди во англиското првенство.

Абрахам има 22 години, покажа дека Челси можат да сметаат на него во иднина, поради што клупските челници ги започнале преговорите за продолжување на неговиот договор. Актуелниот договор на фудбалерот кој минатата сезона беше позајмен во Астон Вила истекува во јуни 2022 година.

Меѓутоа како што започнале преговорите така и завршиле. Англиските медиуми пишуваат дека клубот ги прекинал преговорите поради финансиските барања на фудбалерот. Според овие извори Абрахам барал неделна плата од 180.000 фунти, колку што изнесува неделната плата на соиграчот Калум Хадсон-Одои.

Во Челси биле изненадени од ваквите финансиски барања на фудбалерот поради што решиле да се повлечат од преговорите.

Scroll to Top