Норвежанецот Мариуш Линдвик победи на втората станица на Новогодишната турнеја, скокалницата во Гармиш-Партенкирхен. Бранителот на титулата Јапонецот Рјоју Кобајаши го освои четвртото место.
До победата Линдвик дојде со скоковите од 143,5 и 136 метри. Со скокот во првата серија Норвежанецот го израмни рекордот на скокалницата на Симон Анман.
Покрај Норвежанецот место на подиумот во Гармиш обезбедија Германецот Карл Гајгер (132 i 141,5 метри) и Полјакот Давид Кубацки (137 i 139,5 метри).
Кобајаши не успеа да влезе во историјата како првиот со шест последовни победи на Новогодишната турнеја. Јапонецот лани победи на сите четири натпревари, а пред два дена турнејата ја започна со триумфот во Оберстдорф.
Во генералниот палсман Кобајаши е на првото место со 587,2 поени, седум повеќе од Гајгер.
Наредната станица на турнејата е скокалницата во Инсбрук, квалификациите се на 3 јануари, а ден подоцна е главниот натпревар.