Српскиот кошаркарски стручњак, Жељко Обрадовиќ ја понесе титулата најдобар тренер на декадата во анкетата што ја организираше специјализираниот кошаркарски портал „Eurohoops“.
Посетителите на сајтот дури 49 % од гласовите ги дале за Обрадовиќ. Втората позиција му припаднала на Чави Пасквал со 16% гласови, а Пабло Ласо завршил како трет со 13% од гласовите.
„Eurohoops“ организирал и гласање за најдобар играч во Евролигата, но и најдобар кошаркар од Европа во НБА лигата.
Ѕвездата на Олимпијакос, Василис Спанулис е проглаен за најдобар во Евролигата. Гркот собра 35% од гласовите. Зад себе ги остави Димитрис Дијамантидис со 21, односно Богдан Богдановиќ со 13% од вкупниот број гласови.
Кај играчите кои настапуваат во НБА титулата ја понесе Дирк Новицки, со 46% од бројот на гласови. Зад него 24% доверба имаше Србинот Никола Јокиќ.