Сакраменто Кингс на импресивен начин ја прекинаа серијата од осум порази. Кингс против Мемфис победија иако во еден момент од втората четвртина беа во минус од 20 поени. Синоќа во НБА лигата поново блесна Лука Дончиќ со нов „дабл-дабл“. Вест на денот е Никола Јокиќ, кој по 26 месеци одигра натпревар со нула асистенции.
Сакраменто Кингс славеа над Мемфис Гризлис 128:123, иако диграа катастрофално во првиот период, а на почеткот на вториот имаа негатива од 20 поени. Диерон Фокс постигна 27, Бади Хилд 26, а Богдан Богдановиќ 16 поени за Кингс.
Денвер Нагетс гостуваа во Индијанаполис, забележаа победа над Индијана Пејсерс 124:116. Денвер направија пресврт во второто полувреме во кое Никола Јокиќ постигна 20 од своите 22 поени. Интересно е што српскиот центар мечот го заврши без асистенција во својата статистика.
Последен пат кога меч без асистенција одиграл на 26 октомври 2017 година против Шарлот.
Мајкл Портер јуниор го предводеше Денвер со 25 поени, а ист број на поени како Јокиќ уфрли и Џамал Мареј. Кај Индијана се истакна Џереми ламб со 30 поени и девет скока.
Лука Дончиќ забележа 31 поен, 13 скока и седум асистенции во победата на Далас Маверикс над Бруклин Нетс 123:111.
Резултати:
Кливленд-Шарлот 106:109
Мајами-Торонто 84:76
Чикаго-Јута 98:102
Минесота-Голден стејт 99:84
Сан Антонио-Оклахома 103:109
ЛА Клиперс-Детроит 126:112.