Top Sport

„Црвена“ доминација во Премиер лигата

Со триумфот над Шефилд Јунајтед (2:0) фудбалерите на Ливерпул ја продолжија успешната серија во Премиер лигата на 37 натпревар. Ова е трета најуспешна низа на резултати во Премиер лигата.

Пред фудбалерите на Јирген Клоп се само Челси со 40 и рекордерите Арсенал со 49 мечеви без пораз во елитната англиска дивизија.

„Црвените“ последниот пораз го доживеале на 3 јануари минатата година од Мачестер сити. Оттогаш ниту еден тим од Премиер лигата не успеал да ги победи.

Европските шампиони сезонава маришираат кон освојувањето на првата титула по пауза од три децении. Тие се лидери на табелата по 21 рунда, со натпревар помалку имаат 13 поени повеќе од Лестер.

Scroll to Top