Севилја одигра дома само 1:1 со Атлетик Билбао во 19. коло во Ла лига, останувајќи на третото место на табелата со 35 поени, два зад Реал Мадрид и четири зад Барселона.
Гостите први дојдоа во водство уште во 15. минута преку Андер Капа, резултат со кој се отиде на полувреме, а до бод на „Санчез Писхуан“, Севилја стигна преку автоголот на Унаи Нуњез во 60. минута од мечот. За Атлетик ова е трето реми во низа и тие остануваат на седмото место со 29 поени.
Претходно, во првиот меч во 2020 во Ла лига, Валјадолид и Леганес одиграа 2:2 во луд меч во кој паднаа три гола во првите 12 минути игра. Леганес, кои се претпоследни на табелата, двапати поведуваа, но на крајто Енес Унал донесе поен за Валјадолид.
ЛА ЛИГА, 19.КОЛО
Валјадолид – Леганес 2:2
Севилја – Атлетик Билбао 1:1