Францускиот второлигаш Нанси ги збуни сопствените навивачи откако се обиде на интелигентен начин да им прати честитки за Новата година, со мапа на градот и координати кои требаше да водат до нивниот стадион „Марсел-Пико“. Но, наместо тоа, координатите воделе до градските гробишта со порака: „Моето место е тука“.
Кога фановите реагираа на грешката, Нанси бргу се извинија.
„АСНЛ сака да ги увери партнерите и фановите дека честитката беше грешка. Кога беше креирана, стадиумот беше поместен на мапата, се сменија и ГПС координатите“, објавија на Твитер.
Нанси ќе се надеваат дека 2020 ќе биде подобра година за нив на теренот, откако во 2016 година, претседателот на клубот Жак Русело им вети на навивачите за пласман во Лигата на шампионите, а 2020 ја започнуваат на 10. место во втората лига.
Формирани во 1967 година, клубот својата цела историја ја помина во Лига 1 и Лига 2, пред во 2016 да се врати во Лига 1, но да испадне по само една сезона.