Top Sport

Надал и Ѓоковиќ стартуваа со победи, Чориќ преку Тим!

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал и светскиот рекет број 2, Новак Ѓоковиќ со победа ја стартуваа новата 2020 година, за Шпанија и Србија да забележат победи на АТП купот во Австралија.

Надал со 6:3/7:5 го победи Николоз Басилашвили откако прво Роберто Баутиста Агут го „збриша“ Александер Метревели со 6:0/6:0 за Шпанија со 2:0 да обезбеди победа над аутсајдерот Грузија, додека Ѓоковиќ се намачи со поранешниот гренд слем финалист, Кевин Андерсон со 7:6(5)/7:6(6) за да обезбеди триумф над Јужна Африка од 2:0. Претходно, Душан Лајовиќ се врати од сет негатива за 3:6/7:6(4)/6:3 победа над Џорџ Лојд Херис.

Најголемото изненадување на вториот ден на турнирот кој го замени Хопман купот, го направија Хрватите, кои обезбедија 2:0 водство над фаворизираната Австрија. Прво Марин Чилиќ со 6:7(4)/6:4/6:4 го победи Денис Новак, за во вториот меч, Борна Чориќ сензационално со 7:6(4)/2:6/6:3 да биде подобар од финалистот од Ролан Гарос, Доминик Тим.

АТП КУП

Аргентина – Полска 2:1

Франција – Чиле 2:1

Јапонија – Уругвај 3:0

Австрија – Хрватска 0:2

Србија – Јужна Африка 2:0

Шпанија – Грузија 2:0

Scroll to Top