Покрај фантастичните фудбалски способности, силните рекорди, Кристијано Роналдо е познат и по екстраваганцијата.
Португалецот никогаш не криел дека е љубител на скапоцени предмети, а овие денови се појави со нов часовник вреден околу половина милион евра.
Роналдо на рака носеше рачен часовник марка „Rolex GMT Master Ice“ вреден 435.000 евра, направен од 18-каратно злато и со дијаманти.
Јасно е дека на Роналдо не му е проблем да издвои толкава сума пари за рачен часовник ако се знае дека во минатата декада тој високо котира на листата на Форбс, со заработка од околу 600 милиони евра.
Само Флојд Мејведер има заработено повеќе од него.
The watch Cristiano Ronaldo's wore to the 14th Dubai International Sports Conference is the most expensive Rolex ever produced pic.twitter.com/7PfTDH2DUs
— Cristiano Ronaldo Fans (@TheRonaldoTeam) January 4, 2020