Премиерлигашот Евертон бара засилувања во јануарскиот преоден рок, а Реал Мадрид сака да се ослободи од играчите на кои тренерот Зидан не смета во иднина.
Според пишувањето на „Мирор“, Хамес Родригез би можел кариерата да ја продолжи на „Гудисон“.
Колумбиецот по сјајните настапи на СП 2014 година за 75 милиони евра стигна од Монако во Реал. Сепак, како што поминваше времето, формата му паѓаше, па последните две сезони тој ги помина на позајмица во Баерн Минхен.
Сепак летоска 28-годишниот фудбалер се врати во Мадрид. Сезонава досега одигра 422 минута, а постигна 1 гол и имаше 1 асистенција.
Карло Анчелоти по преземањето на клубот од Ливерпул бара засилувања, па „карамелите“ се обидуваат да го доведат Родригез на позајмица до крајот на сезоната
Колумбискиот фудбалер моментно вреди околу 40 милиони евра, а со италијанскиот стратег соработуваше во Реал во сезоната 2014/2015, а кратко време беа заедно и во минхенскиот клуб.
James Rodriguez becomes Everton transfer target as Carlo Ancelotti backs loan bidhttps://t.co/7Z0pOT8Ym4 pic.twitter.com/V0JVs7nKN6
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 4, 2020