Марио Балотели дефинитивно нема да биде продаден во јануари, вели претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер по шпекулациите дека Италијанецот планира кам-бек во англиската Премиер лига.
Ривер претходно призна дека ќе биде тешко да се задржи Балотели без шанса да игра во европските купови, бидејќи Ница е на шестото место, но сепак, ќе се обиде да го задржи Италијанецот што е можно повеќе на Азурниот брег.
„Не, невозможно е да го продадеме. Не сакаме ниту да размислуваме за тоа, бидејќи го знаете значењето за нашиот тим. Поради неговите игри, тој добива на вредност една и пол година пред крајот на договорот, но тоа не беше нашата цел. Сакаме да го крене тимот на повисоко ниво. Добро е да се знае дека не правиме само грешки со трансферите“, вели Ривер во интервју за весникот „Нис-Матан“.
Ривер исто така ја отфрли можноста да го отпушти 60-годишниот тренер Лусиен Фавр.
„Не се сомневаме во неговите квалитети. Тој е вистинскиот човек за нашиот тим“, додава Ривер.