Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо утринските вежби ги правеше без маица на себе, па фановите можеа да видат во каква неверојатна форма и кондиција се наоѓа. Таквата посветеност е главната причина поради што и на 34 години е еден од најдобрите светски фудбалери, додека неговите врсници во истиот спорт полека почнуваат да размислуваат за крај на кариерата.
Оваа сезона на 22 меча постигна 15 гола, а приота може да се додадат и 3 асистенции.
Неговата неверојатна физичка моќ можеше да се забележи на крајот на 2019. на гостувањето на неговиот Јувентус во Џенова, кај Сампдорија кога постигна одличен гол при еден небесен скок.
Италијанците измерија – при летот се одразил 71 сантиметар, а топката ја удри со глава на висина од 2 метри и 56 сантиметри.
Идниот месец ќе наполни 35 години, но неговиот фудбалски крај ниту оддалеку не се назира.