Швајцарецот Даниел Јул стигна до својата втора победа во кариерата, триумфирајќи на престижниот ноќен слалом во Мадона ди Кампиљо, на истата патека каде што лани стигна до деби триумфот.
Јул беше прв по првото возење, но беше под притисок на многу одлични втори возења, посебно на француското дуо Клемен Ноел и Алексис Пинтуро. Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, сепак, беше најблиску, завршувајќи на второто место со само 0.15 секунди послабо време. Клемен заврши трет со 0.25 заостанување.
„Би сакал да скијаме тука секој ден! Снегот е прекрасен, патеката е совршена, фановите се секогаш многу гласни, а тука е и спектаклот на ноќна трка“, изјави Јул.
Daniel Yule in Madonna di Campiglio in 2018-19 ?
Daniel Yule in Madonna di Campiglio in 2019-20 ?The Swiss skier has two career World Cup race wins and they’ve both been at the same course ?? pic.twitter.com/TQziTIhg8E
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 8, 2020