Фудбалерот на Јувентус, Арон Ремзи открива дека „бјанконерите“ направиле сè да го добијат неговиот потпис и открива дека во фудбалот во Серија А се обрнува многу повеќе внимание на тактиката отколку во Премиер лигата.
Велшанецот дојде како слободен фудбалер од Арсенал, и во интервју со „Скај спорт Италија“ открива како се решил да дојде во Италија, како еден од повеќето фудбалери од Англија кои се решија на ваков трансфер.
„По ситуацијата во Арсенал, Јуве ми дадоа понуда и ме сакаа по секоја цена да пристигнам во Торино. Желбата оваа сезона е титулата од Лигата на шампионите, но секако и италијанската лига е многу важна. Серија А е многу потактичка лига од Премиер лигата. Многу тимови се бранат длабоко и мораш да пројдеш преку два реда дефанзивци за да стигнеш до голот. Во Премиер лигата има повеќе простор за игра и интензитетот е повисок бидејќи мораш да гледаш зад себе почесто. Но, импресиониран сум од Серија А, поради тактиката и квалитетот. Среќен сум што играм во голем клуб“, вели Ремзи.