Дека ракометот има неверојатен раст во Португалија на репрезентативен и на клупски план е одамна јасно, но никој не очекуваше тие да го отворат Европското првенство со голема победа од 28:25 над Франција. Во нашата група пак, Австрија го искористи домашниот терен за да го отвори шампионатот со 32:29 победа над Чешка, додека Словенците немаа проблеми и со 26:23 ја победија Полска.
Триколорите се фаворити на речиси сите натпреварувања последните две децении, но овојпат налетаа на расположените Португалци. Франција имаше предност од 6:3 на стартот на мечот, но до крајот на полувремето, Португалците стигнаа до гол предност 12:11. Французите повторно поведоа на почетокот на второто полувреме, но противникот не им дозволи да се одвојат, пред во последните десет минути да стигнат до славна победа. Бранкињо
со пет и Фераз и Гомеш со четири гола беа најефикасни за Португалците, додека по четири гола за Франција дадоа Мем, Карабатиќ и Лагард.
Никола Билик со 11 гола и Јанко Божовиќ со седум гола беа најефикасни за Австријците, кои во финишот на натпреварот успеаја да го скршат отпорот на Чесите и да стигнат до важна победа. Македонија од 20.30 часот против Украина го игра вториот меч во групата.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, 1.КОЛО
ГРУПА Б
Чешка – Австрија 32:29 (14:13)
Македонија – Украина 20.30 ч.
ГРУПА Д
Франција – Португалија 25:28 (11:12)
Норвешка – Босна и Херцеговина 20.30 ч.
ГРУПА Ф
Словенија – Полска 26:23 (13:11)
Шведска – Швајцарија 20.30 ч.
Watch the Game Highlights from France vs. Portugal, 01/10/2020 pic.twitter.com/wSY1ngOmyX
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2020
Watch the Game Highlights from Slovenia vs. Poland, 01/10/2020 pic.twitter.com/apwTMiaVmF
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2020