Одбојкарската репрезентација на Франција избори пласман на Олимписките игри во Токио. Французите го освоија квалификацискиот турнир во Берлин на кој покрај домаќниот, меѓу другите играа и европскиот првак и вице-првак, Србија односно Словенија.
Франција во финалниот меч со три сета (25/20, 25/20, 25/23) ја победи Германија. Французите во текот на целиот меч ја контролираа играта, а на половина од секој сет ја правеа клучната предност.
Жан Патри со 14 поени ја предводеше Франција, додека кај Германија најефикасен беше Георги Грозер со 20 поени.