Top Sport

Србија избори финале на АТП купот

Репрезентацијата на Србија избори пласман во финалето на АТП купот. Србија во првото полу-финале со максимални 3-0 ја победи Русија. Противник во финалето на Србите ќе им биде победникот од второто полу-финале во кое ќе играат репрезентациите на Австралија и Шпанија.

Завршницата на АТП купот се игра во Сиднеј, каде Србите предводени од Новак Ѓоковиќ имаат огромна поддршка од трибините.

Првиот поен на Србија ѝ го донесе Душан Лајовиќ кој за 108 минути го победи Карен Хачанов со 7/5, 7/6.

Вториот меч понуди вистински спектакл во режија на Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Пресметката помеѓу вториот и петтиот тенисер во светот траеше два часа и 47 минути. Ѓоковиќ успеа да слави со 6/1, 5/7, 6/4.

Последниот меч не решаваше ништо поради што Ѓоковиќ не играше заедно со Троицки против руската двојка Кравчук/Габашвили. Чачиќ играше на местото на Ѓоковиќ во српскиот дубл кој победи со 2/0 (6/4, 7/6), откако во вториот сет спаси три сет топки.

Scroll to Top