И покрај тоа што беа поврзувани со повеќе „мети“ во текот на јануарскиот преоден рок, директорот на Интер, Бепе Марота вели дека нема „итни“ трансфери.
Интер се поврзувани со Кристијан Ериксен од Тотенхем, Ешли Јанг од Манчестер јунајтед, Оливие Жиру од Челси и Артуро Видал од Барселона, како фудбалери со кои тимот би се засилил во борбата за скудетото со Јувентус оваа сезона, но Марота вели дека нема да има брзи трансфери.
„Во моментов има многу шпекулации и приказни кои секако не се вистинити. Јануарскиот преоден рок честопати е многу тивок, со малку шанси за трансфер. Да, сакаме да го засилиме тимот со квалитетни фудбалери, но ништо не е итно. Ериксен е интересен фудбалер, но тој ќе биде слободен фудбалер во јуни и уште не сме почнале со преговори. Ќе ги разгледаме опциите, но Интер се први во Серија А и мора да се почитува овој тим. Ако има вистинска шанса“, вели Марота.