Top Sport

Клоп: Фирмино ми се извини по мечот

Јирген Клоп открива дека Роберто Фирмино се извинил што не додал уште еден гол при 1:0 победата над Тотенхем во саботата, резултат по кој „црвените“ имаат 20 победи во 21 меч од Премиер лигата за да се одвојат на 16 поени од Лестер.

Фирмино го постигна единствениот гол на мечот во 37. минута, но беше видно разочаран по крајот на мечот.

„Кога отидов да го гушнам по мечот, тој сакаше да застане и да зборува. Ми кажа: ’Знам дека требаше да дадам барем уште еден гол’. Јас не сакав да го кажам тоа, но најверојатно е вистина. Се работи за супер-фудбалер, супер. Не го кажувам ова првпат и се надевам не и последен пат. Навистина е импресивен“, вели Клоп.

Фирмино ги казни промашувањата на Тотенхем (Видео)

Scroll to Top