Арсенал се подготвени да тргнат по фудбалерот од средниот ред на Милан, Хакан Чалханоглу, тврди британскиот „Сан“, откако тренерот Микел Артета го оценил Турчинот како совршено засилување за вториот дел од сезоната.
25-годишниот Чалханоглу дојде во Милан од Баер Леверкузен за 24 милиони евра во 2017 година и имаше одлична прва сезона, по што неговата форма беше во надолна линија. Тој има 18 настапи за Милан во Серија А оваа сезона со два гола и една асистенција, но Милан по објавата минатата година дека должат 146 милиони евра, мораат да продаваат фудбалери ако сакаат да избегнат нова суспензија од УЕФА.
Претходно, исто така се шпекулираше дека Полјакот Кшиштоф Пјонтек е на листата на засилувања за Тотенхем, откако им се повреди првата ѕвезда во нападот, Хери Кејн.