Надежите на Џенова за опстанок во Серија А добија уште еден удар, откако иако први поведоа загубија со 2:1 на гостувањето кај Верона за да останат во зоната на испаѓање.
Мечот почна со одложување од 15 минути поради неверојатна причина – економите на стадионот „Бентегоди“ во Верона ги имаа криво одбележано гол-линиите, по што судијата побара тие да се поминат уште еднаш.
Горан Пандев одигра речиси цел час за Џенова, која дојде во водство во 41. минута со голот на Санабрија. Верона успеа да се врати во 10 минути во второто полувреме. Прво Валерио Вере во 55. минута беше прецизен од белата точка, за во 65. минута, Матија Ѕагањи да ги донесе трите поени за домашниот тим.
По 19 кола, Верона е на високото осмо место со 25 поени, додека Џенова се 18. со 14 поени, еден помалку од 17-пласираниот тим на Лече.
Стартот на мечот Верона-Џенова беше одложен 15 минути поради „криви линии“!