Дербито на 20. коло во француската Лига 1 помеѓу Пари Сен-Жермен и Монако заврши 3:3 по едно фуриозно прво полувреме во кое домаќините поведоа, дозволија гостите да направат пресврт за 1:2, а потоа поведоа со 3:2 до крајот. Во второто полувреме, клубот од кнежевството успеа да израмни за неверојатни 3:3.
Нејмар уште во третата минута постигна гол по асистенција на Марко Верати, но Монако само десет минути подоцна беше во предност – прво Желсон Мартинс израмни во седмата минута, за шест минути подоцна Висам Бен Једер да донесе 1:2 предност.
Во 24. минута со автоголот на Бало Туре, ПСЖ успеа да израмни, за во 42. минута, овојпат од белата точка, Нејмар да ги врати домаќините во предност. Конечните 3:3 беа поставени во 70. минута преку Ислам Слимани.
ПСЖ останува лидер во Лига 1, но сега само со пет поени предност пред Марсеј (но со натпревар помалку), додека Монако се осми со 29 поени.