Поранешниот сопственик на Ф1 тим и менаџер на Фернандо Алонсо, Флавио Бриаторе му советува на возачот на Ред бул, Макс Ферстапен да внимава што зборува бидејќи може да си ги уништи шансите да освои титула.
Ферстапен го продолжи договорот со Ред бул до 2023 година, и Бриаторе за „Аутоспринт“ магазинот вели дека тоа ја осигурува иднината на тимот. Бриаторе, сепак, посочува на коментарите за „мамење“ на Ферари кои предизвикаа многу критики за младиот Холанѓанец.
„Ред бул се тим кој секогаш е на вистинската патека. Сега, со Хонда како вистинска сила во тимот, нема многу несигурности, иако никој не знае што ќе се случи во 2021 година. Тој е многу брз и знае како да се подобрува и исто така знае да направи шоу. Но, исто така, мора да научи да ја затвори устата. Не обвинуваш некого дека мами. Зошто? Прво, не е негово да го кажува тоа, второ, приказната не беше вистината“, вели Бриаторе.