Top Sport

Иниеста: Барселона се однесуваат грдо кон Валверде

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста вели дека каталонскиот клуб се однесува „малку грдо“ кон тренерот Ернесто Валверде, по шпекулациите дека клубот е во потрага на неговата замена, со Чави како прв кандидат.

Шпекулациите се зголемија откако Барселона загуби со 3:2 од Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, по што директорите на клубот отидоа во Катар да го убедуваат Чави да се согласи на договор. Валверде освои две титули во Шпанија, и Иниеста вели дека разочарува недостатокот на доверба во тренерот.

„Однесувањето на Барса е малку грдо. Морате да го почитувате сопствениот тренер и ваквите работи најмногу болат. Односите на претседателот Жосеп Марија Бартомеу и навивачите остануваат добри, но се надевам дека ситуацијата ќе се реши бргу, бидејќи ова не е убаво за клубот, за тренерот и за навивачите. Дали е Чави подготвен? Тоа најдобро може да го одговори самиот тој“, вели Иниеста во интервју за „Онда серо“.

Чави и Куман ја одбиле Барса?

Scroll to Top