Јужноафриканецот Матју Серадори го совлада двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо за победа на осмата етапа на Дакар релито во Саудиска Арабија, во етапа во која главните фаворити беа резервирани.
Серадори со личниот проект, багито Сенчури ЦР6, беше побрз од Алонсо во 474 километри долгата етапа околу Вади Ал-Давасир, завршувајќи со четири минути предност пред Алонсо, за кого ова е најдобар пласман во неговото деби на трката. Карлос Саинс загуби три минути од своето водство, но останува 6:40 пред Насер-Ал Атијах и 13:09 пред Стефан Петерхансел.
Осмата етапа за мотоциклистите беше откажана вчера по трагичната смрт на Португалецот Пауло Гонсалвеш.