Top Sport

Надал и Федерер дадоа 250.000 долари, вкупно собрани 4 милиони

Рафаел Надал открива дека заедно со Роџер Федерер донирале комбинирани 250.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Австралија.

Двајцата беа меѓу повеќето врвни тенисери и тенисерки кои учествуваа на егзибицискиот турнир „Рели фор рилиф“ на „Род Лејвер“ теренот на Мелбурн Парк. По играњето со Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и Коко Гоф, Надал ја објави донацијата пред Федерер да излезе на теренот. Ник Кирјос, кој исто така играше на турнирот, вети донација од 200 долари по ас на Австралија опен.

Пред над 15.000 фанови во Мелбурн, преку донации беа собрани 4.826.014 австралиски долари, а присуствуваа и Каролине Вознијацки, Наоми Осака, Петра Квитова и Доминик Тим. Вилијамс и Вознијацки беа капитенки на двата тима за „фаст фор“ меч во двојки на стартот, а егзибицијата заврши со сингл меч помеѓу Кирјос и Федерер.

Scroll to Top