Интересни резултати донесе третиот пресек од гласањето за овогодинешниот Ол-стар што ќе се одржи во Чикаго.
Леброн Џејмс од Лејкерси е неприкосновен во сите конференции со скоро 5 милиони гласови, додека околу 150.000 гласови помалку има Словенецот Лука Дончиќ од Далас Маверикс.
Србинот Никола Јокиќ го зазема петтото место според освоените гласови на Западот, додека Гркот Јанис Адетокумбо ја предводи листата со гласови на Истокот.
Според досегашниот пресек на гласовите најдобрата петорка на Западот изгледа вака:
Лука Дончиќ, Џејмс Харден, Демијан Лилард, Алекс Карусо и Расел Ветбрук.
Конкуренцијата на Истокот се чини понеатрактивна: Тре Јанг, Кајри Ирвинг, Кемба Вокер, Дерик Роуз, Кајл Лаури, Јанис Адетокумбо, Паскал Сијакам, Џоел Ембид, Џими Батлер и Џејсон Тејтум.
Пред две години се воведени правилата за Ол-стар драфтот. Навивачи, играчи и новинари гласаат за кои играчи да настапат. Гласовите на навивачите чинат 50% од вкупната бројка, додека по 25% припаѓаат на играчите и медиумите.
Тренерите се задолжени да ги одберат резервите.
Чикаго е домаќин на Ол-стар мечот кој ќе се одржи од 13 до 16 февруари.