Top Sport

Саинс по третпат ја освои титулата на релито „Дакар“ (видео)

Шпанскиот возач Карлос Саинс (57) по третпат го освои престижното рели „Дакар“. Тој со совозачот Лукас Круз славеше во годишенното натпреварување, откако со истата титула се закити и во 2010, односно 2018 година.

Последната етапа Саинс ја заврши како трет, со речиси 4 минути задоцнување зад победникот Насер Ал-Атијах.
Саинс постави уште еден рекорд на релито. Тој е највозрасниот победник во трките.

Во генералниот пласман на „Дакар“, второто место му припадна на денешниот победник, Насер Ал-Атијах, додека трет на релито заврши Французинот Стефан Петерхансел.

Scroll to Top