Аргентинскиот фудбалер, Хавиер Савиола кој своевремено беше прогласен за еден од најдобрите најдобрите млади фудбалери во светот, во лош период беше дел од Барселона па се чини не можеше да го покаже сиот свој потенцијал.
Фудбалскиот пат го однесе во Монако, во Севилја каде имаше одлична сезона, а играше и за лутиот ривал на Каталонците – Реал Мадрид.
„Сезоната во Севиља беше незаборавна, го освоивме Купот на УЕФА и тоа беше мој прв трофеј во Европа. Се сеќавам дека имавме прекрасна прослава, цел град беше на нозе и генерално целата година беше многу убава. И наместо да останам во Севиља, јас ја прифатив понудата од Реал Мадрид. Бев среќен што сум дел од таков голем клуб, но чувствував дека не ме ценат премногу. Играв многу помалку од што очекував и тоа беше најголемата грешка во мојата кариера“ – рече Савиола.
Аргентинецот за Кралскиот клуб одигра само 17 натпревари и на нив даде прескромни 4 гола.
Оттаму кариерата му тргна во надолна линија, играше Бенфика, Малага, Олимпијакос и Верона, а заврши таму каде што и започна, во Ривер Плата.