Top Sport

НХЛ хокеар си ги собираше забите од мразот! (видео)

Канадскиот центар на Вегас голден најтс, Пол Штасни доби незгоден удар во лице со пакот, по што зачудувачки си ги собираше забите во „Бел центарот“ во Монтреал, каде што неговиот тим загуби со 5:4 од Канадиенс.

34-годишниот ветеран прво доби удар со палка, а потоа и со пак од напаѓачот на Канадиенс, Џоел Армија, по што остана испружен на мразот додека од устата му течеше крв. Откако си ги собра забите во ракавицата, тој само побара пешкир и се упати кон соблекувалната.

Scroll to Top