Хрватскиот фудбалер од средниот ред, Марко Пјаца наскоро ќе има нов тим, откако Јувентус се согласиле на негов трансфер во Каљари, тврдат италијанските медиуми.
„Спортиталија“ и „Скај спорт Италија“ тврдат дека 24-годишниот фудбалер добил зелено светло својата фудбалска среќа да ја побара на Сардинија по разочарувачката форма во последните три години.
Пјаца дојде во Јувентус како најскап фудбалер во историјата на Динамо Загреб за 23 милиони евра во 2016 година, но неговата кариера досега беше одбележана со проблеми со повредата. Тој беше накратко позајмен во Шалке и во Фиорентина, но ниту таму не доби многу шанси за игра – со само еден настап од 15 минути во меч од Копа Италија оваа сезона.
Пјаца ги скина лигаментите на коленото двапати, во март 2017 и во февруари 2019 година.