Манчестер Јунајтед добиле тужба од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) порад недоличното однесување на неговите фудбалери на натпреварот со Ливерпул, одигран во неделата.
Фудбалерите на Јунајтед жестокот реагираа на одлуката на судијата Крег Повсон кој не досуди прекршок по воздушниот дуел на голманот Давод Де Хеа и Вирџил ван Дајк.
По таа ситуација Роберто Фирмино постигна гол за Ливерпул. Голот потоа е поништен по прегледувањето на снимката.
Поради жестоката реакција судијата веднаш му додели жолт картон на голманот Де Хеа.
На крајот мечот заврши со триумф на Ливерпул од 2:0.
По повод тужбата клубот од „Олд Трафорд“ има право на жалба најдоцна до четврток. Не е познато со каква казна се соочени Манчестер Јунајтед.