Ракометната репрезентација на Шведска доживеа дебакл на Европското ракометно првенство 2020 и тоа на домашен терен. Очекувањата од Шведска беа големи по освојувањето на среброто на ЕП 2018 година.
Сепак пулените на селекторот Андерсон останаа без можност да се борат за медал. И понатаму можат да го поправат впечатокот по вчерашната победа од 24-18 против Унгарија која води борба со Словенија за пласман во полуфинале.
Веднаш започнаа приказни за причините за лошиот резултат, но и онаа за повторната „пензија“ на левиот бек, Ким Екдал ду Риц. Авантуристот во светот на професионалниот ракомет повторно најави завршување на кариерата откако еднаш тоа го стори во 2016 година.
Тогаш одлучи да му каже збогум на ракометот со 27 години за да се посвети на патување низ светот, проучување на стари култури и разгледување на туристички знаменитости.