Поради нарушено здравје, поранешниот селектор на екс-Југославија, Ивица Осим (78) на фудбалските терени оди само повремено, живее во Грац, а спортот на кој му го посвети животот најчесто го следи на малите екрани.
Токму поради тоа во интервју за порталот „SPOX“ рекол дека се чувствува како птица во кафез.
„Ги гледам речиси сите мечеви што ги пренесуваат, но е едно е да се гледа, а друго е да се работи“ вели Осим.
Тој раскажал и зошто на времето не седнал на клупата на австриски Рапид од Виена.
„Беше тоа времето кога во БиХ имаше војна. Некој од менаџерите во клубот рекол дека јас сум националист, дека сум против Србите и дека не би бил добро решение за клубот. А мене политиката никогаш не ме интересирала“ – објаснил Осим како патот не го однел во Виена туку во Грац, во екипата на Штурм, Со тој клуб Осим освои две титули шампион на Австрија, влезе во ЛШ, а освои и три Купа.
Се осврна и на сегашниот, модерниот фудбал, стварноста која не опкружува.
„Денес само богатите клубови можат да дојдат до најголеми резултати затоа што ги носат најдобрите играчи и тренери. И постојано ги менуваат. Мислам дека тоа доведува до незадоволство кај публиката, затоа што повеќе се мисли на пари отколку на фудбал. Мора да се направат некои правила, фудбалот не смее да умре“ – смета Осим.