Унгарија ја прокоцка можноста да се бори за медал на Европското ракометно првенство откако попладнево загуби од Португалија со 34-26 во последниот меч од групата 2.
За да се надеваат на пласман меѓу четирите најдобри селекции на турнирот, денеска на Унгарците им требаше триумф над Португалците, но немаа сила за последниот завршен удар.
Вистинска голеада се случуваше во првите 30 минути. Португалија првиот дел го доби со 16-14.
Во вториот дел Унгарците се обидуваа да го свртат резултатот во своја корист, беа на поднослива разлика се до 22-20.
Оттогаш следуваше серија на Португалците за конечни +8 на крајот, 34-26.
Најефикасен во победничката селекција беше Мореира со 7 гола, додека Хернандес и Родригеш постигнаа по 5.
Кај Унгарија дуото Балог-Банхиди мечот го заврши со по 5 гола.
Поразот на Унгарија значеше дека Норвешка и Словенија се патниците во полуфиналето од оваа група, а токму нивниот меч кој е во тек ќе одреди кој ќе биде првопласиран во групата.
Watch the Game Highlights from Portugal vs. Hungary, 01/22/2020 pic.twitter.com/pqd0xZPyvm
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2020