Top Sport

Дембеле: Ги игнорирам „трансферите“ во Премиерлигата

Францускиот фудбалер, Муса Дембеле вели дека не го интересираат пишувањата на медиумите на Островот за негов евентуален трансфер во Премиерлигата. Фудбалерот на француски Лион последните недели ги полни страниците на европските медиуми.

Го поврзуваат со повеќе клубови од Англија, наводно тој е на радарот на Челси, Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Посебно се подгреаја шпекулациите дека ќе замине на „Олд Трафорд“ по повредата на офанзивецот Маркус Рашфорд.

Сепак, Дембеле вели дека не се осврнува на нагаѓањата за негов евентуален трансфер.

„Не мислам дека ќе си одам оваа зима. Се пишуваат многу работи, но јас тоа го игнорирам, се трудам да останам концентриран на теренот“ – вели фудбалерот.

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола изјави дека Дембеле нема да ја напушти Франција затоа што сака да освојува трофеи со клубот.

Напаѓачот кој во кариерата играше за Фулам и Стоук, во Лион е од 2018 година и до сега има постигнато 52 гола за клубот.

Scroll to Top