Агентот на Пол Погба, Мино Рајола повторно даде причини за сомнеж за останувањето на Французинот во Манчестер јунајтед, велејќи дека двете страни, фудбалерот и клубот, мораат да бидат среќни за да се продолжи соработката.
26-годишниот Погба поголемиот дел од сезоната е во аут поради повреда на скочниот зглоб, откако минатото лето имаше неколку обиди на Зинедин Зидан и Реал Мадрид да го донесат во Ла лига. Погба има само осум меча оваа сезона и Рајола вели дека неговата работа е да осигура двете страни да се задоволни пред летотото.
„Очекувам моите играчи да се среќни. Не сакам да зборувам сега за тоа што ќе се случува во текот на летото. Тој мора да ја врати физичката подготвеност, а мојата работа е двете страни да се задоволни, ако тоа е можно. Ако не е така, има начини за решавање. Не можам да кажам ништо сигурно денеска. Единствено едно нешто е сигурно во животот – еден еден сите ќе умреме. Денеска тој не среќен што не игра, но се врати во Јунајтед кога никој не го очекуваше тоа. Тој го избра Манчестер јунајтед, можеби на Алекс Фергусон тоа не му се допаѓаше, но тоа беше негов избор. Сите знаат дека резултатите последните неколку години се незадоволувачки, а на лето, ако Погба уште е во плановите на Манчестер јунајтед, но и ако Манчестер јунајтед е во плановите на Погба, тогаш е сосема едноставно“, вели Рајола.